Надал сè уште може да заврши на првото место на АТП листата, еве што треба да направи

Новак АТП

Крајот на годината ќе донесе борба за првата позиција на АТП листата. Долго време таа е во сопственост на Новак Ѓоковиќ кој ја одржува предноста пред Рафаел Надал.

Моментално Србинот има 1.890 поени повеќе од ривалот и ќе има задача да собере уште 350 за да го осигура првото место на крајот од годината. За тоа ќе мора да ја освои титулата во Виена. На спротивната страна, шпанскиот тенисер ќе мора да се појави во австриската престолнина и да му се спротистави на српскиот ас. Потоа ќе мора да го освои трофејот во Париз, а на крај и да слави на завршниот турнир.

Ѓоковиќ има поголеми шанси од Надал, бидејќи и да не стане шампион во Виена, ќе мора да победи на два меча во Лондон. Во Париз не може да го подобри бодовното салдо, со оглед на тоа што ја брани титулата од ланската сезона.

Првиот светски рекет воедно и се обидува да го израмни рекордот на Пит Сампрас, кој е единствен тенисер кој шест години завршувал на првата позиција на АТП листата.