Надал се „прошета“ до третото коло, нов маратон на Баутиста-Агут

Рафаел Надал

Вториот носител на Австралија опен, Рафаел Надал, се пласира во третото коло со победата над домашниот тенисер Метју Ебден (6-3, 6-2, 6-2).

Шпанецот ја оправда фаворитската улога, одигра на високо ниво и за кратко време го заокружи вториот меч на Грен слем турнирот во Мелбурн. Во првиот сет направи брејк во осмиот гем, вториот сет го освои со два одземени сервиси на противникот, а последниот сет го реши во своја полза со рано водство кое го задржа до крајот.

Следен противник на тенисерот од Мајорка ќе биде подобриот од дуелот Алекс Де Минаур и Хенри Лаксонен.

Претходно, Григор Димитров го надигра Пабло Куевас (6-3, 6-7/5, 6-3, 7-5), а Роберто Баутиста-Агут обезбеди трето коло со триумфот во маратонскиот меч против Џон Милман (6-3, 6-1, 3-6, 6-7/6, 6-4).