Надал се пласира во четвртфиналето, фаворитите според планот во Париз

Рафаел Надал се планираше во четвртфиналето на АТП турнирот во Париз со триумф од 2-0 над Џордан Томсон. 

Шпанецот важи за најголем фаворит на овој турнир, а досега ја оправда својата улога. Сепак, дуелот со австрискиот тенисер имаше два различни сетови. Надал беше беспрекорен во првиот и го доби со 6-1, ама се намачи во вториот во кој мораше да игра тај-брејк кој го доби со 7-3. Томсон одлично парираше, а најдобро за тоа зборува сет поенот кој го имаше при сервис на Надал, ама не успеа да изненади. 

Досега своето место меѓу осумте најдобри го чекираа Умберт, Раониќ, Медведев и Шварцман, а Надал ќе се пресмета со сонародникот Карено Буста за место во полуфиналето.