• Саше Љолес
Шпанскиот тениски ас, Рафаел Надал, официјално соопшти дека нема да учествува на овогодинешниот Вимблдон и ќе се фокусира на настапот на Олимписките игри во Париз.
22-кратниот освојувач на Грен-Слем турнирите ќе се подготвува во шведскиот Бастад, а таму ќе земе учество на турнирот на кој нема настапено цели 19 години.
„Многу ќе ми недостига Вимблдон, но ќе морам да го прескокнам годинава. Тажен сум што нема да ја почувствувам таа прекрасна атмосфера, но тие навивачи секогаш се во моето срце и тие тоа добро го знаат. Секогаш добивав огромна поддршка во Лондон“, изјави Шпанецот.
Надал најверојатно ќе биде активен уште оваа година, а неговата најголема желба е да ја круниса кариерата со нов медал од Олимписките игри, каде сигурно ќе има жестока конкуренција.