Надал се издигна над Дел Потро и обезбеди место во полуфиналето на Вимблдон

Шпанецот Рафаел Надал обезбеди место во полуфиналето на Вимблдон, откако по тешка битка и пет сета го совлада Хуан Мартин Дел Потро со 3-2 (7-5, 5-7/7, 4-6, 6-4, 6-4).

Шпанскиот тенисер подобро го отвори мечот, го направи едиствениот брејк во 12. гем и го доби првиот сет со 7-5. Во наредните два сета Аргентинецот беше тој што го диктираше темпото на игра и направи целосен пресврт и поведе со 2-1 во сетови.

Во четвртиот сет, кој практично беше да се биде или не за Рафа, Шпанецот направи брејк во петтиот гем и рутински го освои сетот со 6-4, за израмнување на 2-2. Во решавачкиот сет се чини психилошката предност беше на страната на Надал, повторно го одзеде петтиот сервис на Аргентинецот, што на крајот беше доволно за освојување на сетот со 6-4 и конечна победа од 3-2.

Во мечот за пласман во големото финале, Рафаел Надал за противник ќе го има неговиот голем ривал, Новак Ѓоковиќ. Последен полуфиналист е Џон Иснер, кој во четири сета го победи Милош Раонич.