ВИДЕО: Надал сакаше да спаси топка и заврши во скутот на една бабичка

Рафаел Надал обезбеди место во полуфиналето на Вимблдoн, откако по голема битка и пет сета го елиминира Аргентинецот, Хуан Мартин Дел Потро.

Надал и на вчерашниот натпревар уште еднаш ја покажа својата пожртвуваност за секое топче, а тоа го почуствува и една бабичка, која дуелот го гледаше од првите редови. Имено, по една размена на удари, 32-годишниот Надал се обиде да го го врати топчето во полето на Аргентинецот, но понесен од инерцијата, заврши во скутот на една бабичка.

Погледнете ја реакцијата на бабичката и на останатите гледачи по слаткиот инцидент на Надал:

Во мечот за пласман во финалето, Рафаел Надал утре за противник ќе го има Новак Ѓоковиќ.