ВИДЕО: Надал раскажа за епското финале на Вимблдон кога неговиот вујко заспал

Надал Тони

Сите се сеќаваат на незаборавното финале на Вимблдон во 2008 година, кога Рафаел Надал и Роџер Федерер одиграа маратонски меч од пет сета. На крај победата ја однесе Шпанецот, кој првпат се израдува на трофејот на престижниот турнир во Лондон.

Рафа одлично го памети овој дуел, а неодамна откри што правел неговиот вујко Тони, додека тој се борел со својот голем ривал.

„Се шегував со мојот вујко, кој заспа за време на првиот прекин поради дождот. Јас имав предност од 2-0 во сетови, а потоа не искористив две меч топки, па му реков да не спие за време на втората пауза...“, откри шпанскиот тенисер.

Има малку мечеви кои би можеле да се споредат со овој меѓу Надал и Федерер на Вимблдон. Токму тие се причината поради која фановите едвај чекаат тенисот да се врати, по долгата пауза предизвикана од коронавирусот.