• Иван Димовски

Рафаел Надал е активен член на топ десет на АТП ранкингот уште од 25 април 2005 година и никогаш досега не паднал надвор од најдобрата десетка.
Сепак, тоа би можело да се промени на наредното рангирање следниот понеделник. Шансите се мали, меѓутоа постојат. За тоа да се случи и Надал да падне надвор од најдобрите треба да се исполнат неколку фактори:
- Фактори потребни за Надал да испадне од ТОП 10:
Оже-Алијасим стигне до полуфиналето на АТП Дубаи
Руне дојде до полуфиналето на АТП Акапулко
Хуркач стигне до финалето на АТП Дубаи
Сите три услови треба да се исполнат за Надал уште в понеделник да падне од рангирањето.
Дури и ниту еден од овие услови да не стане реалност, Шпанецот многу веројатно губи 600 бодови на Индијан Велс. Минатата година Надал играше во финалето повреден и го загуби, меѓутоа пак освои доста бодови. Шансите да заигра на првиот турнир од серијата 1.000 се минимални, па по крајот на Индијан Велс, Надал ќе биде надвор од топ десет првпат по долгиот престој.