ФОТО: Надал прво готвеше, потоа покажа дел од рутинските функционални вежби

Рафаел Надал дома

Рафаел Надал конечно може да помине квалитетно време со својата новопечена сопруга Марија Франциска Парељо.

Во периодот на изолација поради коронавирусот, парот споделува видеа од секојдневните обврски во домашни услови. Најпрво тенисерот од Мајорка им откри на своите следбеници како се снаоѓа во својата кујна.

Ден потоа, вториот светски рекет ги сподели своите рутински вежби кои ги прави секој ден. 

АТП одлучи да ги откаже сите турнири до седми јуни, но тоа не се испречува на патот на Надал да продолжи да тренира.