Надал прв обезбеди место на завршниот АТП турнир

Рафаел Надал АТП турнир

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал 15-та година по ред ќе биде дел од завршниот АТП турнир.

Еден од најдобрите играчи на сите времиња денес ќе се судри со Роџер Федерер во полуфиналето на Вимблдон. Тој влегува во тениското „Ел Класико“ со 17 победи во низа.

Пласман на турнирот во Лондон на крајот од неделата би можел да обезбеди и Новак Ѓоковиќ. Србинот треба да го одбрани трофејот на Грен слем турнирот на трева.

Првиот светски рекет на патот до финалето има предизвик во Шпанецот Роберто Баутиста-Агут.