Надал прв честита: Ноле, направи нешто што не можевме да го замислиме!

Новак Ѓоковиќ стана најголем на сите времиња со освоената титула на Ролан Гарос. Србинот дојде до 23-тата Грен Слем титули и така на листата го мина Рафаел Надал кој останува на 22 освоени одличја.

Токму Шпанецот е првиот кој му честита на Ѓоковиќ за успехот. Надал испрати порака дека српскиот ас направил нешто што на сите спортисти им е желба, а им делува невозможно.

„Многу честитки за оствареното, Новак!

Да се освојат 23. Грен Слем титули е нешто што пред неколку години не можевме да го замислиме, а ти тоа го направи. Уживај во успехот со своето семејство и тимот“, напиша на социјалните медиуми Надал.

Рафа оваа година го скокна омилениот турнир поради повреда, а најави дека по крајот на оваа сезона оди во пензија од „белиот спорт“.