Надал против Ѓоковиќ, сите бројки од најголемото тениско ривалство во историјата

Надал Ѓоковиќ

Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ ќе играат финале пред финалето на Ролан Гарос. Еден од нив ќе биде дел од мечот за титула в недела и ќе има можност да освои уште еден Грен слем трофеј.

Најголемото ривалство во историјата на тенисот трае веќе 15 години. Овогодишното соочување во Париз ќе биде 58. меѓу српскиот и шпанскиот тенисер.

Сите бројки поврзани со ривалството:

  • Возраст: Надал - Ѓоковиќ 35-34
  • Ранкинг: Ѓоковиќ - Надал 1-3
  • Титули на Ролан Гарос: Надал - Ѓоковиќ 13-1
  • Вкупен број Грен слем титули: Надал - Ѓоковиќ 20-18
  • Вкупен скор: Ѓоковиќ - Надал 29-28
  • Дуели на земјена подлога: Надал - Ѓоковиќ 19-7
  • Дуели на Ролан Гарос: Надал - Ѓоковиќ 7-1
  • Дуели на Грен слем турнирите: Надал - Ѓоковиќ 10-6

Нема дилеми кој ќе биде фаворит на овој судир во полуфиналната фаза. Досега и двата ривали лесно се справија со конкуренцијата, но сега пред себе ќе го имаат најголемиот тест, кој сите го очекуваа пред почетокот на турнирот.

Во второто полуфинале се соочуваат Стефанос Циципас и Александер Зверев.