Надал против Ѓоковиќ: Можните сценарија во борбата за првото место на АТП листата

Ѓоковиќ Надал АТП

По 64 турнири во 31 различни земји и на три континенти, осумте најдобри играчи се подготвени да се борат за титулата на завршниот турнир во Лондон.

Но, не е само трофејот единствената цел за некои од учесниците. За Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал овој настап ќе значи и борба за првата позиција на АТП листата. На истата моментално стои Шпанецот, кој има мали проблеми и во полоша форма ќе се појави во „О2 Арена“.

Бодување на завршниот турнир во Лондон:

  • 200 поени за секоја победа во групната фаза
  • 400 поени за победа во полуфиналето
  • 500 поени за победникот во финалето

*секој тенисер кој нема да запише ниту еден пораз ќе освои максимални 1.500 поени.

Сценарија во борбата за првото место на АТП листата:

  • Ако Надал се повлече од турнирот, Ѓоковиќ мора да стигне до финалето за да биде број 1
  • Ако Надал настапи и победи на двата меча во групната фаза, Ѓоковиќ мора да го освои трофејот за да заврши пред ривалот
  • Ако Надал стигне до финалето, загарантирано му е првото место на крајот од годината
  • Ако Ѓоковиќ не победи на ниту еден меч во групата, Надал ќе биде број 1 

Според моменталната ситуација, Србинот е фаворит да ја оствари својата намера. Надал никогаш не го освоил завршниот турнир и има мала поврда, која сигурно ќе му го отежни патот до зацртаната цел.

Турнирот во Лондон започнува в понеделник, а завршува со големото финале в недела. Титулата од минатата сезона ја брани Александер Зверев од Германија.