Надал превентивно се откажа од Синсинати да биде подготвен за УС Опен

Само неколку часа откако Рафаел Надал ја одбрани титулата од Мастерсот во Монтреал, победувајќи го Данил Медведев со 6-3, 6-0, Шпанецот го откажа настапот на Мастерсот во Синсинати кој почнува денес со мечевите од првото коло. 

Надал на последниот Мастерс пред УС Опен беше планиран како втор носител зад Ѓоковиќ, но пред Роџер Федерер.

„Има само една причина што нема да игра во Синсинати - морам да внимавам на моето тело и да останам здрав како што се чувствувам сега“, вели Надал.

Светскиот рекет број два минатата година го пропушти УС Опен, па годинава сака добро да се покаже и да заработи битни бодови на АТП листата.