Надал: Практикувам јога и медитација, тоа ми помага да не губам трпение на теренот

Надал

Рафаел Надал важи за еден од најпримерните тенисери во историјата. Шпанецот никогаш не го загубил трпението на теренот, за да направи испад, кој би му донел лоша репутација во јавноста или кај младите деца кои го сметаат за идол.

Тајната за своето однесување, големиот шампион од Мајорка ја гледа во практикувањето јога и медитација.

„Кога сте теренот, важно е да ги контролирате емоциите. Во мојот случај, практикувам јога и медитација за да можам да ги контролирам емоциите кога играм. Секогаш посакувам да влезам во мечот со позитивно чувство. Важно е да се задржи довербата, дури и кога условите не се идеални.

Сакам да се натпреварувам, но секогаш се контролирам на теренот. Никогаш не сум го изгубил трпението и не сум скршил рекет. Никогаш не сум „лудувал“. Мојата филозофија е никогаш да не се откажувам. Истото ми се случува и кога играм голф или фудбал со моите пријатели“, изјави шпанскиот ас.

За разлика од него, ривалите како Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ покажале бурни емоции во минатото. Србинот има најчести реакции кога нешто не му оди на теренот, па поради тоа е напаѓан од пошироката јавност, која очекува достојно однесување на спортист од неговиот калибар.