• Горан Упале

Рафаел Надал забележа рана елиминација на Мастерсот во Рим, откако против Денис Шаповалов не го сочува водството од 1-0 (6-1) во сетови и загуби во третото коло од турнирот кој досега во кариерата го освојувал десет пати.
По мечот шпанскиот ас потврди дека повторно имал проблеми со стопалото.
„Повторно ме боли стапалото. Живеам со повреда, тоа не е ништо ново. Ме следи. Ќе продолжам додека главата не ми каже дека е доста. Почна да ме боли на средината на вториот сет. Не можев повеќе да играм. Не сакам да одземам ништо од победата на Денис. Браво за него.
Уживам во тоа што го работам, но често сум несреќен. Токму поради поврдите. Болката ми ја одзема желбата“, рече Надал.
Надал поради истата повреда не можеше да го даде својот максимум ниту на Мастерсот во Мадрид, каде беше сопрен во полуфиналето од Карлос Алкараз.