Надал поканет во Виена, дали Ѓоковиќ ќе добие шанса за брз реванш?

Надал Виена

Организаторите на турнирот во Виена инсистираат Рафаел Надал да биде дел од натпреварите оваа сезона. Сепак, засега немаат никаква потврда од тимот на Шпанецот, кој сè уште не го знае точниот распоред до крајот на годината.

Новак Ѓоковиќ сигурно ќе игра на овој турнир, а останува да се види дали тоа ќе го направи и неговиот голем ривал.

„Се обидуваме сè за да го убедиме Надал да учествува на турнирот. Тој сè уште не одлучил каков ќе биде неговиот распоред до крајот на годината и дали сака да освои уште бодови и да се бори за првото место на АТП листата“, изјави директорот на настанот, Хервиг Страк.

Доколку одговорот на Надал е потврден, тогаш многу веројатно е дека ќе гледаме ново финале меѓу него и Ѓоковиќ. Србинот ќе добие брза шанса да му се реваншира за болниот пораз во мечот за титула на Ролан Гарос.

Турнирот се игра на тврда подлога од 24 октомври до 1 ноември, кога е закажано големото финале.