Надал по два часа го доби Нишикори и патува во четвртфиналето во Барселона

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал обезбеди место меѓу осумте најдобри тенисери на мастерс-турнирот кој се игра во Барселона, Шпанија.

Рафа во осминафиналето славеше над Кеи Нишикори со 2-1 во сетови (6-0, 2-6, 6-2) и дојде до посакуваниот резултат во мечот каде беше голем фаворит.

Првиот сет наговестуваше убедлива победа на Надал, но такво нешто не се случи. Нишикори го одигра најдобриот тенис во вториот сет и со два брејка за 2-1 и 5-2 успеа да изедначи, ама во решавачките моменти загуби сила и пресуди исксутвото на Надал.

Надал во четвртфиналето во Барселона ќе се соочи со Камерон Нори (58. место на АТП-листа).