• Горан Упале
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се повлече од Лејвер Купот, иако пред три недели најави дека ќе игра на егзибицискиот турнир што следната недела ќе се игра во Берлин.
Како причина за ваквата одлука искусниот тенисер ги наведе неговата здравствена состојба и желбата на теренот да има некој кој може повеќе да придонесе од него за победа на европската селекција. Организаторите одлучија тоа да биде Григор Димитров.
„Навистина сум разочаран што морам да кажам дека нема да можам да се натпреварувам на Лејвер Купот во Берлин следната недела. Ова е екипно натпреварување и за навистина да го поддржам тимот на Европа, морам да го направам она што е најдобро за нив. Во моментов има други играчи кои можат да му помогнат на тимот да победи“, рече шпанскиот тенисер“, рече Надал.
Шпанскиот ветеран не одиграл ниту еден меч од Олимписките игри во Париз, каде беше елиминиран во второто коло од Новак Ѓоковиќ, а во конкуренција на двојки со Карлос Алкараз испадна во четвртфиналето.
Лејвер Купот е натпреварување меѓу тенисери од Европа и остатокот од светот. Европа ќе ја претставуваат Александар Зверев, Данил Медведев, Каспер Руд, Карлос Алкараз, Стефанос Циципас и Григор Димитров. Боите на светскиот тим ќе ги бранат: Тејлор Фриц, Франциско Серундоло, Френсис Тиафо, Бен Шелтон, Алехандро Табиљо и Танасис Кокинакис.