Надал откри по кој пораз ја побара маичката на Федерер како сувенир

Надал

Ретко кога се случува тенисерите да разменат опрема во стилот на фудбалерите. Рафаел Надал тоа го има направено со големиот ривал Роџер Федерер и тоа по еден пораз во Хамбург.

Швајцарскиот ас успеа во невозможната мисија да го победи „кралот на земја“, кој немаше пораз на земјена подлога 81 меч во низа. Шпанецот неодамна откри интересна анегдота која ќе му овозможи да го памети овој пораз до крајот на животот.

„Беше специјално затоа што влегов во тој натпревар победувајќи 81 последователен натпревар на земја, што беше рекорд на сите времиња. Кога ме победи, бев возбуден што имав спомен од тој ден и беше посебно тоа што Роџер беше тој што ме победи, па затоа го прашав да ја добијам неговата маичка која сè уште ја имам. Многу сум возбуден што ја имам и можеби еден ден ќе го ставам во музејот“, раскажа тенисерот од Мајорка.

Федерер славеше во големото финале на турнирот во Германија со 2-1 во сетови (2–6, 6–2, 6–0).