Надал откри колку инјекции примил за време на Ролан Гарос

Рафаел Надал

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја оправда фаворитската улога и на доминантен начин стигна до нова титула на Ролан Гарос.

22-краниот Грен слем шампион го надигра Каспер Руд, кој сепак беше „лесен залак“ во финалната пресметка. По мечот, Шпанецот зборуваше за тешките моменти низ кои помина во изминатите две недели во Париз.

„Тој проблем е секогаш тука, но особено беше тешко во Рим. Имав доктор тука со мене, не знам на англиски да кажам што точно направивме, но играв без да чувствувам нешто во ногата. Морав да се одлучам за нервна инјекција, да го држам стапалото „заспано“, за да можам да играм. Подобро да не знаете колку инјекции примив во изминатиот период“ , рече Надал.

По триумфот во Австралија, 36-годишникот од Мајорка освои уште еден Грен слем турнир. Овој почеток на сезоната му се случува првпат во богатата кариера.