Надал откри кога планира да замине во пензија

Надал

Рафаел Надал се подготвува да направи кам-бек на почетокот на наредната година. Планот на шпанскиот тенисер е да се појави на еден турнир, а потоа да игра на Австралија Опен.

Стапалото му прави проблеми на големиот шампион од Мајорка во изминатиот период. Неодамна 35-годишникот зборуваше за својата пензија и за моментот кога ќе одлучи да го преземе тој чекор.

„Се обидувам да не размислувам за мојата возраст. Ќе се пензионирам ако не се чувствувам свеж физички и психички. Исто така, сега сфаќам колку го сакам тенисот и дека имам вистинска привилегија да можам да го играм толку долго“, изјави Шпанецот.

Последен настап за Надал е оној во Вашингтон, непосредно пред да се откаже од УС Опен. Поради повредата немаше можност да се бори за висок пласман во американската престолнина.