Надал откри кога планира да замине во пензија

Надал пензија

Шпанскиот ас Рафаел Надал како и останатите членови на „големата тројка“ не планира пензија за скоро време.

Вториот светски рекет размислува само на своите цели до крајот на кариерата и додека е способен, тврди дека ќе биде дел од тенискиот свет.

„Не планирам да се пензионирам. Сè додека сум здрав и способен да се натпреварувам, ќе продолжам да уживам во мојот тениски живот, 100 проценти сум сигурен во тоа. Така гледам на спортот. Најважно е да бидете запаметени како добра личност, на крајот на краиштата, тоа е најважното нешто. Минуваат наслови, мигови на спомени, сè поминува. Но, личноста која сте вие ​​и која останува во меморијата, тоа е најважното нешто“, смета тенисерот од Мајорка.

Проблемите со грбот го натераа Надал да се откаже од настапите во Ротердам и Акапулко. Поради тоа би можел да ја загуби втората позиција на АТП листата, на која се заканува Данил Медведев.

На првиот Грен слем турнир сезонава, 34-годишникот беше елиминиран во четвртфиналето од Стефанос Циципас.