Надал: Одигравме изедначен меч, ама Тием беше подобар во клучните моменти

Рафаел Надал загуби во дуелот од второто коло на АТП Мастерс турнирот во Лондон од Доминик Тием со 2-0. 

Шпанецот потфрли во клучните моменти, наспроти Австриецот, кој покажа голема зрелост и искуство за да ги добие двата тај-брејка. За Надал, ситуацијата не е загубена, а по поразот појасни во кој сегмент Тием го доби дуелот. 

„Чувствувам дека играв многу добро. Не се чувствувам лошо поради тоа што го пружив на теренот. Честитки до Тием, тој играше неверојатно. Знам дека загубив и ќе морам да понудам повеќе во иднина. 

Јас му правев проблеми нему, како и тој мене. Не беше подобар играч, ама ниту јас не се истакнав. Тием заслужи да победи бидејќи подобро ги одигра важните поени. Ова беше добар тест, знам дека сè уште имам шанси да се квалификувам во полуфиналето“, изјави Надал.

За пласман во полуфиналето на завршниот турнир во Лондон, Рафаел Надал ќе биде под ултиматум да победи против Стефанос Циципас за два дена.