Надал: Новак не е среќен? Животот е поважен од тенисот

Надал и Ѓоковиќ

Некогашниот најдобар тенисер на планетата, Рафаел Надал, ја прокоментира ситуацијата во која се наоѓа Новак Ѓоковиќ, велејќи дека иако тој повеќе не ужива во тенисот како порано, сепак е среќен човек. Ноле веќе подолг период игра под своите очекувања, а како најголема причина за тоа на неколку пати ја посочи мотивацијата:

„Животот е многу поважен од тенисот, барем за мене. Во мојот живот сум имал многу поважни работи од тенисот, иако тој во последните 20 години е важен дел од него. Постојат многу поважни работи од натпреварите. Среќата мораме да ја пронајдеме и надвор од оваа игра, како семејството, здравјето и луѓето кои не опкружуваат. За мене тоа е поголема среќа од тенисот и затоа мислам дека Ноле е среќен“.

Шпанецот пред неколку дена објави крај на сезоната и најави дека од наредната ќе се врати потполно здрав и повторно ќе биде дел од најдобрите во оваа игра.