Надал: Новак е опседнат со рекордите, јас имам здрава амбиција...

Новак Ѓоковиќ

Ривалството меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал ќе продолжи на Ролан Гарос. Шпанецот ќе ја брани титулата од минатата година која ја освои со беспрекорен настап во финалето токму против српскиот тенисер.

Постојано има мали „пецкања“ од двете страни, а последен кој јавно испрати провокација е големиот шампион од Мајорка.

„Новак е повеќе фокусиран на рушење на рекорди. Тој е опседнат со тоа. Не мислам на лош и негативен начин, но тој е само поконцентриран и насочен кон рушење на рекорди. Нему тоа повеќе му значи, постојано зборува за тоа.

Мојот пристап кон тенисот не е таков. Јас имам здрава амбиција, различен сум од него...“, вели Надал.

Шпанскиот ас моментално е поуспешен кога се во прашање Грен слем трофеите, но Ѓоковиќ има повеќе титули на Мастерс турнирите. Србинот исто така е подобар во меѓусебните дуели и по бројот на недели минати на првото место на АТП листата.

Фановите со нетрпение очекуваат нов судир на великаните на тениската игра. Сите се надеваат дека токму во Париз одново ќе гледаат финална пресметка на едни од најдобрите во историјата на белиот спорт.