Надал: Нема повеќе „голема четворка“, сега Енди и Новак се доминантни во тенисот

Рафаел Надал

На ден пред последниот Грен слем во Њујорк, Рафаел Надал изјави дека се чувствува подобро и очекува да биде на 100% за време на турнирот. Во неговите очи, фаворити за освојување на трофејот на УС Опен се Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, за кои вели дека се предводници на сегашната тениска генерација.

„Уморен сум, но добрата страна е што од ден на ден чувствувам се помалку болка. Мислам дека ќе одиграм на потребното ниво за што подобар пласман во Њујорк. Сепак, свесен сум за формата на Енди и Новак, кои сметам дека ќе бидат најголеми фаворити за трофејот. По „големата четворка“, која сега е веќе застарена, сега само тие двајца ја предводат денешната генерација на тенисери“ , изјавии Надал.

Веќе долги години, шпанскиот тенисер се бори со повреди, па неговите резултати не се на посакуваното ниво. Но, како што вели тој не размислува за пензија и се надева на подобро здравје во иднина.