Надал: Нема никакви клетви на моја сметка во Париз

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал порано од очекуваното ги заврши настапите во Париз и пак остана без трофеј на овој турнир. Титулата на мастерсот недостасува во колекцијата на Рафа, а тој смета дека никој не му фрла клетви, туку едноставно, се работи за тежок турнир.

„Турнирот во Париз сам по себе е тежок поради условите во кои се игра. Нема никакви клетви на моја сметка. Не е ненормално затоа што не успеав да освојам еден турнир од мастерсите од серијата 1000. На овие настани играат најдобрите тенисери во светот, а подлогата е навистина тешка. Сега се фокусирам кон турнирот во Лондон“, изјави Надал.

Надал на мастерсот во Париз испадна во полуфиналето од Александар Зверев. Шампион стана Данил Медведев од Русија.