Надал нема да игра на трева: Не можам да бидам ист како пред десет години...

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се откажа од турнирите на трева и нема да биде активен до стартот на Вимблдон.

Рафа го освои Ролан Гарос, а по триумфот потврди дека му е потребен одмор и дека нема да форсира да игра на наредните турнири по секоја цена. Нема да биде активен на трева се до стартот на Грен Слем турнирот Вимблдон.

„Знаете, јас сакам да играм на трева. Меѓутоа, истовремено не можам да се однесувам исто како и пред десет години и да играм неколку недели по ред тенис на високо ниво. Морам да направам распоред. Нема да играм пред Вимблдон, така ќе имам повеќе шанси за успех, затоа што помалку мечеви, а повеќе одмор и добар тренинг, многу ќе ми значат“, изјави Надал.

Најстариот турнир кој се одржува во Лондон започнува на стартот на јули. Во ланското издание, Надал дојде до полуфиналето каде во супер-драматичен меч загуби од Новак Ѓоковиќ.