„Надал нема 20 години, ќе мора да размисли на кој турнир ќе настапи“

Тенисот е во мирување скоро четири месеци, период што сигурно ќе донесе големи проблеми за тенисерите во периодот што следува. 

Според најавите во текот на следниот месец АТП и ВТА турнирите би требало да продолжат, а Карлос Моја вели дека неговиот „ученик“ Рафаел Надал сè уште не знае на колку турнири ќе настапи до крајот на годината.

„Рафа нема 20 години и ситуацијата не е како порано. Не сме разговарале за конечно, но сигурен сум дека ќе одигра на само неколку поважни турнири. Тој може да настапи на сите, но ќе му биде тешко да се прилагоди. Здравјето е на прво место во овој период“, вели тренерот на Надал. 

Според најавите, прв турнир на кого ќе настапи Надал е Вашингтон, кој на програмата е на 14 август.