Надал: Не се плашам од пензија, но сега не размислувам за тоа

Надал

Фановите полека се подготвуваат за тенисот без „големата тројка“. Најблиску до пензија е Роџер Федерер, а потоа неговите стапки ќе ги следат Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Шпанецот последен зборуваше за крајот на својата кариера. Засега тој не размислува за тоа, но вели дека не се плаши од денот кога ќе треба да стави крај на настапите на тениските терени.

„Не се плашам од тој ден, така што сè уште не размислувам за тоа. Ќе го почувствувам и ќе знам кога е време да се повлечам. Ќе го знам тоа кога нема да ја чувствувам таа страст што ме придвижува секое утро, оние цели што си ги поставувам постојано и кои сакам да ги подобрувам... кога тоа ќе се случи, ќе биде време да размислувам за пензија“, вели тенисерот од Мајорка.

Пред неколку недели Надал ја освои титулата на Ролан Гарос, убедливо совладувајќи го големиот ривал Ѓоковиќ во финалната пресметка.