Надал не се откажува, тренира и сака олимписки медал во Париз

Рафаел Надал доживеа рана и болна елиминација на Ролан Гарос, но сепак реши да вложи максимални напори и да настапи на претстојните Олимписки игри во Париз. 

Иако мисијата ќе биде тешка, Надал започнал со интензивни тренинзи и максимално се посветил на настап на тенискиот турнир. Желбата на Шпанецот е да се обиде да освои медал на Игрите, но таму ќе има жестока конкуренција. 

„Рафа тренира во својата академија и максимално е фокусиран на Олимписките игри. Физичката кондиција не е најдобра, но се надеваме дека ќе биде фит за настап во Париз“, изјави претставникот на неговиот менаџерски тим, Бенито Барбадиља. 

Во моментов Надал се наоѓа на 275. место на АТП листата, но навивачите се надеваат дека ќе биде подготвен за настап во Париз и најавуваат голема поддршка за шпанскиот ас.