• Саше Љолес
Славниот шпански тенисер, Рафаел Надал, очигледно нема намера лесно да се откаже од активното играње и покрај проблемите со повредите.
Иако беше најавено дека би можел да ја заврши кариерата, тој сепак изразил желба да заигра за шпанската репрезентација на завршниот турнир од Дејвис-Купот, кој во ноември ќе се одигра во Малага. Селекторот и тренер на „фуријата“, Давид Федер, изјави дека Надал „плени со својот жар и желбата за надигрување“, а воедно се надева и дека ќе допатува во солидна форма.
„Зборував со Рафа, но во моментов ништо не можам да потврдам. Тој ми кажа дека има голема желба да заигра во Малага, но потребен му е одмор и фокус на рехабилитацијата. Ако биде добар во ноември, мислам дека сигурно ќе дојде да игра за Шпанија“, изјави Ферер.
Надал веќе две години се мачи со повредите, сезонава забележа неколку рани елиминации на турнирите, но изгледа дека не сака така лесно да заврши со тенисот.