Надал не му даде никаква шанса на младиот Синер и ја продолжи борбата на Ролан Гарос

За разлика од неговиот најголем ривал за трофејот во Париз, Рафел Надал одигра моќно во осминафиналето и за нешто повеќе од два часа го реши Јаник Синер во три сета и го продолжи својот поход кон нова титула на Ролан Гарос. 

19-годишниот Италијанец, носен од предизвикот што пред себе го има големиот шампион на земјената подлога во Франција, одлично го започна денешниот меч и долго време му парираше на поискусниот противник. Надал иако имаше неколку можности порано да го реши првиот сет, сепак, тоа му успеа дури во 12 гем, откако одново го надмудри Синер на негов сервис (7-5).

Вториот сет започна со доминација на 20-кратниот Грен слем шампион. Надал поведе со 4-0 и јасно беше дека Италијанецот ќе го загуби и овој сет, во кој во продолжение успеа да освои три гема (6-3). Во последниот сет пак, играта на Синер забележа голем пад, а искусниот Надал одлично го искористи тоа и со убедливи 6-0 се избори за нова победа и место меѓу најдобрите осум во Париз.

Пласман во четвртфиналето обезбеди и Новак Ѓоковиќ, но првиот рекет на светот до посакуваната победа над Мусети стигна по пет сета, откако противникот го предеда мечот.