Надал не гарантира дека ќе се појави на Вимблдон!?

Надал

Шпанскиот ас Рафаел Надал доживеа пораз во полуфиналето на Ролан Гарос од лутиот ривал Новак Ѓоковиќ.

Исцрпувачкиот дуел во Париз го натера ветеранот од Шпанија да размислува да не се појави на Вимблдон, кој е закажан за две недели.

„Ќе видиме кој турнир ќе биде мојот следен. Сега заминувам дома за да бидам со семејството и пријателите. Ќе се обидам малку да одморам, и физички и психички. Вимблдон е за две недели. Сега е поразлично отколку кога имав 25, 26 или 27 години. Сега имам 35 години.

Прво мора да видам дали ќе се опоравам пред да донесам одлука дали ќе играм на Вимблдон или не. Во моментов не сум во можност да го потврдам тоа, бидејќи немам ниту физичка, ниту ментална сила да размислувам. Прво треба да се одморам“, најавува шпанскиот тенисер.

Надал само третпат загуби на својот омилен Грен слем турнир. Претходно еднаш беше поразен од Ѓоковиќ и од Робин Соделинг.