• Горан Упале
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал изјави дека постои можност 2024 година да биде последна во неговата играчка кариера.
Надал на крајот на ноември на социјалните мрежи го објави своето враќање на теренот, кое го закажа за првата недела од јануари 2024 година, кога е закажан турнирот во Бризбејн.
„Се разбира, често мислев дека нема смисла повторно да се натпреварувам. Се борев и ја чував илузијата цело време. Ги имав вистинските луѓе околу мене како и секогаш во текот на мојата кариера. Луѓето кои сакаат да ме видат како играм имаа влијание. Има добри шанси 2024 година да биде мојата последна година, без сомнение“, објави Надал на својот Твитер профил.
Mi última reflexión tras el anuncio…
claro que he pensado que no tenía sentido (volver a competir)… que son muchos años…
He luchado y he mantenido la ilusión en todo momento
He tenido la gente adecuada a mi alrededor como siempre he tenido en toda mi carrera…… pic.twitter.com/xLnHMdZTqD— Rafa Nadal (@RafaelNadal) December 7, 2023
Последен пат Шпанецот играше на Австралија Опен во јануари оваа година, кога во второто коло загуби од Мекензи МекДоналд.