Надал направи првични прегледи, утре конечна одлука за настап во Лондон

Рафаел Надал Лондон

Првиот светски рекет од овој понеделник, Рафаел Надал, ги направи потребните прегледи за да ја утврди сосојбата на стомачното истегнување.

На тренинг за време на Мастерс турнирот во Париз, тенисерот од Мајорка се повреди и се повлече од полуфиналето. Поради тоа неговиот настап на завршниот турнир во Лондон е под знак прашалник.

Резултатите од прегледите и советите од докторите и тимот ќе му помогнат на Шпанецот да ја донесе конечната одлука. Покрај за да го задржи првото место, Рафа на спектаклот во „О2 Арена“ игра за првиот трофеј на овој турнир.

Овој период од сезоната често е проблем за шпанскиот шампион, кој дури шест пати не бил дел од завршницата на сезоната поради проблеми со повреди.

Одлуката дали ќе се појави во Лондон ќе ја донесе утре, од која ќе зависи и неговиот настап на Дејвис Купот, кој од 18 ноември се игра во „магичната кутија“ во Мадрид.