Надал: На сите ви е јасно колку погреши Иванишевиќ

Пред скоро еден месец Рафаел Надал на доминантен начин го освои Ролан Гарос и ја „грабна“ својата 19-та Грен слем титула. Токму на оваа тема шпанскиот ас зборуваше во една емисија на шпанската телевизија, а меѓу другото испрати порака до Горан Иванишевиќ, тренерот на Новак Ѓоковиќ

Токму Србинот го предизвика Надал во големото финале во Париз, а во пресрет на тој натпревар Иванишевиќ изјави дека Шпанецот нема на што да се надева и дека Ноле ќе победи со убедливи 3-0.

„Пред финале, не читам портали или медиуми, па затоа не ја слушнав таа изјава пред натпреварот. Но, ако го слушнев тоа, ќе бев уште помотивиран. На сите им е јасно колку згреши Иванишевиќ, рече Надал.

Во тоа финале Надал буквално го прегази српскиот ас, славеше со 3-0 во сетови, а на противникот му препушти само седум гема (6-0, 6-2, 7-5).