Надал: На 19 години ми кажаа дека не можам повеќе да играм, болката беше преголема

Надал

Рафаел Надал се отвори во интервју за „Марка“ и го раскажа најтешкиот дел од својата тениска кариера.

20-кратниот Грен слем шампион на 19 години, неколку дена по освојувањето на првиот трофеј на Ролан Гарос, доби ужасни вести од докторите. Тие му порачаа дека не смее повеќе да се натпреварува, бидејќи имал девијација од нормалната форма на левата нога.

„Бев многу млад за таа информација. Ми кажаа дека ќе морам да ја прекинам кариерата, а само што ја освоив титулата во Париз. Болката беше толку голема што тренирав удирајќи го топчето седејќи на столче на средина од теренот. Потоа ногата ми заздрави, благодарение на шаблон кој ја промени позицијата на моето стапало. Но, тоа беше причина колената да ми отекуваат“, се отвори Шпанецот.

Тенисерот од Мајорка упорно продолжи да игра и не погреши. Во наредните 15 години оствари многу успеси кои го прават еден од најдобрите играчи кои некогаш заиграле, заедно со Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.