Надал му честита на Ноле: Неверојатно достигнување, сосема заслужено

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал му честиташе на Новак Ѓоковиќ за освоената десетта титула на Австралија опен.

„Неверојатно достигнување. Честитки за тебе и твојот тим. Сосема заслужено, уживај Ноле“, напиша Надал на својот Инстаграм профил.

Ѓоковиќ по десетти пат во кариерата го освои Австралија Опен, откако во финалето во Мелбурн го совлада Гркот Стефанос Циципас со 6-3, 7-6/4, 7-5.

Српскиот тенисер, со триумфот во Мелбурн, стигна до својот 22. Грен слем трофеј, колку што има и Надал. Ѓоковиќ од понеделникот и официјално го презеде првото место на АТП листата.