• Иван Димовски

Рафаел Надал се подготвува за последната сезона во својата кариера. Тој по 2024 ќе се повлече од тенисот, па во неа сака да одигра што е можно повеќе турнири. Така, Шпанецот сака да биде дел и од Олимписките игри, иако нема право за тоа.
<<< - ПОВРЗАНО - Надал сака да игра на ОИ, но нема право – па ќе користи „Федерер рецепт“?
Поради тоа што нема настапи за Дејвис куп репрезентацијата на Шпанија во последните две години, технички тој нема право да игра на Игрите. Сепак, постојат посебни исклучоци според кој ако е во посакуваната форма, Надал веројатно ќе настапи во Париз.
„Ако тенисер претходно се истакнувал во Дејвис Купот или пак на Олимписките игри, е една од опциите за добивање специјална понуда“, се вели во регулативите на натпреварувањето.
Надал има две злата од Олимписките игри, во 2008 го освои турнирот во сингл конкуренција, а осум години подоцна во двојки. Покрај тоа, има пет титули во Дејвис купот, со 29 победи и само еден пораз бранејќи ги државните бои.