Надал мотивиран од поразот на Ноле за неполн час го „збриша“ Димитров

Рафел Надал го продолжи својот престој во Монте Карло, откако без многу проблеми ја мина и втората пречка на Мастерсот кој се игра на земјена подлога.

Шпанскиот ас како да беше дополнително мотивиран по сензационалната елиминација на Новак Ѓоковиќ од Британецот Еванс и за помалку од час време го „збриша“ Григор Димитров со идентични 6-1 во двата сета.

Бугаринот моќната на Надал ја почувствува уште во воведните гемови од натпреварот, во кои третиот рекет на светот со два брејка се избори за водство од 5-0, а потоа на рутински начин поведе со 1-0 во сетови. Ништо не се промени ниту во вториот сет, во кој Надал одново направи три брејка и со нови 6-1 обезбеди трето коло во Монте Карло.

Негов следен противник против кого ќе се бори за полуфинале на овој турнир ќе биде подобриот од мечот меѓу Баутиста-Агут и Рубљев.