Надал: Минав низ ужасен период, морав да трпам големи болки

Иако во еден момент се чинеше дека некогашниот најдобар тенисер на светот, поради големиот број на повреди ќе мора да ја заврши својата богата кариера, сепак Рафаел Надал уште еднаш потврди дека е голем борец и се врати на тенискиот терен и тоа во феноменална форма. 

Последните две години беа кобни и тешки за Шпанецот, поголем дел мина во болница отколку на терен, а за оваа ситуација зборуваше и самиот тенисер, велејќи дека минал период во кои мораше да трпи големи болки. 

„Во текот на последните две години минав низ тежок период. Не само заради тоа што бев надвор од терените, туку заради тоа што морав да трпам големи болки. Но, сега сум многу среќен, бидејќи истите се минато и му се вратив на теренот во форма која е задоволувачка“, истакна Надал. 

Моментално Рафа е петти тенисер на АТП ранг-листата, а оваа сезона освои само еден турнир, последниот Мастерс во Монте Карло.