Надал мина како брз воз преку Доналдсон, лесен триумф и за Иснер

Шпанскиот тенисер и втор носител на Индијан Велс, Рафаел Надал, лесно обезбеди пласман во 1/16-финалето на турнирот кој се игра во САД.

Рафа во првиот меч прелесно се справи со Џарид Доналдсон од САД, кого го совлада со 2-0 во сетови (6-1, 6-1). Во двата сета, Надал му дозволи на противникот да земе само два гема, што доволно ја отсликува доминацијата на некогашниот светски рекет број еден.

Лесна победа извојува и серверот Џон Иснер, кој со 2-0 (6-0, 6-2) славеше над Алексеј Попирин, тенисер кој се наоѓа на 131. место на АТП-листата. 

Во наредното коло Надал ќе игра со Диего Шварцман, додека Иснер оди на мегдан со Пеља.

Извештај на денот: 

Поен на денот: