Надал лесно до место меѓу најдобрите осум на Индијан Велс

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласира во четвртфиналето на мастерс-турнирот Индијан Велс кој се игра во САД.

Некогашниот светски рекет број еден, а сегашен носител поради елиминацијата на Ѓоковиќ, во рамки на осминафиналната рунда со 2-0 во сетови (6-3, 6-3) беше подобар од српскиот ас Филип Крајиновиќ.

Надал го отвори првиот сет одлично, поведе со 3-0, а потоа со уште еден брејк за 4-2 дојде до предност. Во вториот решавачки сет, шпанскиот тенисер направи еден брејк за 2-1, што беше доволен и за триумф. Мечот меѓу двата тенисера траеше час и 25 минути.

Рафа во наредната рунда ќе игра со победникот од средбата меѓу Џон Иснер и Карен Качанов.