Надал: Кога веќе луѓето одат на работа, зошто ние да не играме тенис?

Шпанскиот ас, Рафаел Надал вели дека не му е јасно зошто тениската сезона не продолжи. Покрај останатите спортови и тенисот е суспендиран поради пандемијата со коронавирусот, но „Бикот од Мајорка“ смета дека натпревари може да се играат.

„Не разбирам зошто не можеме да играме тенис, кога веќе луѓето одат на работа. Оддалеченоста на луѓето кои се инволвирани во тенискиот натпревар е доволно сигурна. Сепак, ги разбирам правилата и ги почитувам“, вели Шпанецот.

Вирусот ковид-19 до денес одзеде 170.522 животи низ целиот свет, а пријавени заразени се 2.489.956.

„Многумина не можат да се збогуваат со членовите од семејството. Овие се ужасни работи, незамисливи ... Не можам да се ставам на нивно место. Исто така, многумина ќе ги загубат своите работни места. Затоа време е да се обединиме“, заклучи Надал.

Поради пандемијата овогодишниот Вимблдон нема да се одржи, додека омилениот турнир на 33-годишниот Надал, Ролан Гарос е одложен за септември.