• Сашо Поповски

Рафаел Надал загуби од Александер Зверев (6-4, 7-5) во полуфиналето на Мастерс турнирот во Париз. Германскиот тенисер направи изненадување и го исфрли првиот носител и тоа со одлична игра во двата сета.
Шпанецот искористи само една брејк топка на сервисот на противникот, а тоа беше премалку на денешниот меч. За тоа заслужен е и неговиот ривал, кој одигра најдобро кога најмногу требаше и заслужено се избори за меч за титула во француската престолнина.
Во двата сета Зверев направи брејк во третиот гем. Упорниот тенисер од Мајорка избегна пораз и се врати за да се избори за 5-5 во вториот сет. Меѓутоа потоа повторно попушти и му го отвори патот на противникот да сервира за победа. 23-годишникот од Хамбург тоа го искористи и оствари голем успех на крајот од оваа недела.
Надал ќе мора да почека уште една година за титула во Париз. Тоа е еден од Мастерс трофеите кои му фалат во неговата богата кариера.
Германецот утре ќе се надигрува со Данил Медведев од Русија во големото финале.