Надал ќе патува за Лондон, под знак прашалник неговиот настап

Рафаел Надал АТП

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе работи под посебна програма и ќе патува за Лондон, на завршниот АТП турнир.

Поради истегнување на стомачен мускул, првиот светски рекет од овој понеделник го предаде полуфиналниот меч против Денис Шаповалов во Париз. Од тој ден докторите работат напорно за да го подготват и да му овозможат да биде дел од спектаклот во англиската престолнина.

Последните информации од таборот на Шпанецот се дека тој ќе биде дел од ждрепката која денес се одржува во 14:00 часот. Но, неговиот настап и понатаму ќе биде под знак прашалник.

Прва замена, доколку Надал не може да игра во Лондон, е неговиот сонародник Роберто Баутиста-Агут.

Завршниот турнир се игра од 10-17 ноември, а Рафа на истиот ќе се бори да го задржи првото место на АТП листата, пред Новак Ѓоковиќ.