Надал ќе падне од втората позиција, ако Медведев слави против Ѓоковиќ

Медведев Надал

Данил Медведев нема пораз на последните 20 официјални меча. Одличната серија му овозможи да обезбеди финале на Австралија опен, каде ќе се сретне со Новак Ѓоковиќ, бранителот на титулата од минатата сезона.

Русинот веќе скокна на третото место на АТП листата, прескокнувајќи го Доминик Тием. Меѓутоа може да напредува со евентуален успех во последниот меч во Мелбурн.

Ако го победи првиот светски рекет, ќе го надмине и Рафаел Надал, кој моментално ја држи втората позиција на светската ранг листа. Шпанецот за првпат по 1.350 дена ќе биде надвор од водечката двојка, поточно од 11 јуни 2017 година.

Борбата меѓу овие двајца ќе продолжи во Ротердам. Тие ќе бидат дел од листата учесници, заедно со имиња како Циципас и Рубљев, кои исто така ќе бидат дел од турнирот кој ќе се одржи од 1-7 март.

Медведев ќе важи за аутсајдер против Ѓоковиќ, но никако нема да биде ривал кој ќе биде отпишан од самиот почеток...