Надал ќе игра во Рим и ќе атакува на десеттата титула

Надал

Рафаел Надал им соопшти на фановите дека ќе настапи на турнирот во Рим. Ова место е специјално за шпанскиот тениер, кој во девет наврати се радувал на титулата во „вечниот град“.

Деветкратниот шампион најави дека оваа недела ќе патува за Италија и ќе ги прави последните подготовки за настап во италијанската престолнина.

34-годишникот ќе атакува на двоцифрен број трофеи, со што може да стане првиот тенисер на кој овој подвиг му успеал на четири различни места. Надал има 12 титули на Ролан Гарос и по 11 успеси во Барселона и Монте Карло.

Рим ќе биде последната дестинација на која ќе играат најдобрите тенисери на денешницата, пред да се упатат во Париз на Ролан Гарос.